Руското Министерство за надворешни работи го критикуваше амбасадорот на САД во Русија Мајкл Мекфол заради неговиот неодамнешен коментар за односите на Москва со Киргистан.

Амбасадорот наводно пред група студенти рекол дека Русија и` понудила пари на поранешната советска република за да ја затвори американската воздухопловна база во земјата. Руското Министерство за надворешни работи коментарите на Мекфол ги опиша како збунувачки, кои погрешно ја претставиле надворешната политика на Москва.

Мекфол одговори преку серија пораки на Твитер, велејќи дека тој е во процес на учење на „вештината да зборува подипломатски“.

Мекфол кој официјално ја презеде функцијата во јануари, беше еден од најблиските советници на претседателот Барак Обама за надворешна политика, играјќи клучна улога во таканареченото „враќање на старо“ во односите со Русија. Засега неговиот мандат не се одвива лесно, делумно заради недостатокот на дипломатско искуство.