Линкови за пристапност

Кремљ ја потврди средбата меѓу Трамп и Путин


Виена и Хелсинки се едни од можните локации за првиот самит на двајцата лидери

Официјални лица на Кремљ изјавија дека е постигнат договор средбата меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп да се одржи во трета држава.

Најавата дојде по денешната посета на американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон на Москва, каде разговараше со Путин и високи руски претставници.

Кремљ најави дека деталите за местото на средбата ќе бидат објавени утре. Едни од можните локации се Виена и Хелсинки.

Самитот се очекува да се случи по учеството на Трамп на Самитот на НАТО на 11-ти и 12-ти јули, и по посетата на Британија на 13-ти јули.

Претходно, Путин му рекол на Болтон дека неговата посета на Москва ќе ги зголеми шансите да се обноват односите САД-Русија, потенцирајќи дека сега релацијата меѓу двете држави не е во најдобра ситуација.

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, вели дека меѓусебниот однос ќе биде дел од разговорот на двајцата лидери, покрај другите меѓународни прашања.

Болтон изјави дека се надева оти неговата еднодневна посета ќе ја постави основата за првиот самит меѓу Трамп и Путин.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG