Кибернетскиот простор е поле отворено поле за борба 24 часа на ден. Но тука е тешко со сигурност да се знае кој е напаѓачот.
Дмитри Алперовиќ е ко-основач на компанијата за кибернетска безбедност, Кроуд Страјк. Компанијата ги скенираше компјутерите на Демократскиот национален комитет изминатава пролет.
„Кога ќе почне се да свети како Новогодишна елка, знаеме дека имаме упад во внатрешноста на комитетот“, вели Дмитри Алперовиќ.
Кроуд Страјк ги именуваше руските хакерски групи поврзани со Кремљ како извршители на хакерските напади.
Тој вели дека нивната работа е слична на полициската.
„Исто е како кога ќе стигнете на местото на настанот на злосторството и ќе најдете отисок од прст, и сакате веднаш преку базата на податоци да видите за кого станува збор, дали се совпаѓа со некој од криминалците кои веќе ги знаете? Потоа ги прегледувате доказите. Дали се совпаѓа нешто поврзано со друг настан и грабеж“, објаснува Алперовиќ.
Кроуд Страјкс пронајде доказ - познато парче од кодот. Таков код се има и претходно појавено во други хакирања забележани претходно кај руските групи.
„ Кога ќе направите оружје, не сакате да го користите само еднаш. Искушението е преголемо за да ве запре да не го користите. И, тоа е она што носи повеќе напади“, вели тој.
Но тоа е само еден дел.
„На интернет никогаш ништо не исчезнува. Може да се вратите низ историјата назад 10 години и да прегледате 10.000 хакерски напади“, додава Дмитри Алперовиќ.
Пронаоѓање на други наоди за хакерски индентитет може да биде едноставно исто како да проверувате колку е часот, вели Ник Росман од безбедносната комјутерска компанија Фајар Ај.
„Кога ќе забележиме руска активност, веднаш може да се види кога тој софтвер е направен во временската зона на Москва и Сан Петербург. Истото важи и за кинеската интернет зона. Знаеме дека тие работат од 9 до 5 часот“, вели Ник Росман.
Но, скептиците велат дека временскиот печат не е доволен доказ. Исто така, секој може да ископира хакерски код. За разлика од ДНК, кодот не е неприкосновен доказ за делото, велат тие.
Росман признава дека доказите се вреднуваат зависно од контекстот.
„Ние не можеме да кажеме дека доказот е тој вистинскиот и единствениот. Но, веруваме дека по опширна истрага може да не доведе до вистинскиот аргумент“, вели тој.
Росман се согласува со тврдењето дека руски хакери се одговорни за упадот во Демократскиот национален комитет.
Во анонимноста на кибернетскиот простор, експертите велат шпионскиот „свет во сенка“ е уште повеќе засенет.