Линкови за пристапност

Хејли го осуди нападот на Русија врз украинските бродови


Украинскиот парламент го разгледува повикот на претседателот Петро Порошенко да прогласи воена состојба во државата

Амбасадорката на САД во Обединетите нации Ники Хејли ја осуди Русија за напочитување на суверенитетот на украинската територија, откако заплени три украински воени бродови, заедно со нивниот екипаж.

На итниот состанок што го свика Советот за национална безбедност на ОН, Хејли го опиша нападот на бродовите како арогантен потег, што меѓународната заедница мора да го осуди.

Русија пукаше во украински воени бродови во Црното Море, обвинувајќи ги за наводно нелегално влегување во водите на нејзина територија.

Украинскиот парламент го разгледува повикот на претседателот Петро Порошенко да прогласи воена состојба во државата.

Поршенко изјави дека на ваков начин сака да ја зголеми одбраната на Украина, по зголемената агресија од страна на Руската федерација.

Тој додаде дека Украина планира да продолжи да ги почитува сите меѓународни обврски.

Порошенко побара Русија итно да ги ослободи заробените бродови и морнари.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја обвини Украина за прекршување на меѓународните норми, преку опасни методи кои претставуваат закана и ризик за нормално движење на бродовите во тој дел.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG