Линкови за пристапност

Русија делумно ги деблокираше украинските пристаништа


Претходно Русија го запре движењето на голем број бродови низ Керчанскиот Теснец

Украина соопшти дека Русија дозволила неколку бродови да влезат во украинските пристаништа во Азовското Море, можен сигнал за намалување на тензиите во областа.

Во соопштението од украинскиот министер за инфраструктура, Володомир Омелјан се вели дека Бердјанск и Мариупол биле делумно деблокирани и дека бродовите сега можат да се движат во Керчанскиот Теснец.

Министерот изјави дека тој се надева дека пристаништата ќе бидат целосно деблокирани во наредниве денови.

Украина ја обвини Русија за запирање на движењето на голем број бродови низ Керчанскиот Теснец кој ги поврзува Црното и Азовското Море.

Русија ја презеде контролата врз теснецот по анексијата на украинскиот полуостров Крим.

Тензиите меѓу Киев и Москва ескалираа минатата недела кога руската крајбрежна стража отвори оган врз три брода на украинската морнарица кои половеа во близина на полуостровот Крим, а екипажот беше заробен.

По инцидентот, Украина ја стави армијата во состојба на борбена готовност и воведе воена состојба во пограничните региони со Русија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG