Линкови за пристапност

Зеленски по убиството на украинските војници: Му кажав на Путин дека ова не може да донесе мир


Украинскиот претседател, во телефонски разговор со рускиот колега, побарал сепаристите поддржани од Москва да престанат да ги убиваат неговите луѓе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, откако четворица украински војници беа убиени во источниот дел на Украина.

„Му се јавив итно. Му кажав дека ова не може да не` донесе поблизу до мир“, изјави Зеленски, додавајќи дека побарал од Путин да им каже на сепаристите поддржани од Москва, да престанат да ги убиваат неговите луѓе.

Тој, исто така, рече дека Путин му ветил нешто, за што деталите ќе бидат објавени подоцна.

Кремљ не го коментираше телефонскиот разговор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG