Линкови за пристапност

Путин и Зеленски имале прв телефонски разговор


Двајцата лидери зборувале 20 минути за напорите да се стави крај на конфликтот меѓу Киев и проруските сепаратисти во источниот дел на Украина

Рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски го направија првиот разговор по изборот на Зеленски во април.

Двајцата лидери имале 20-минутен телефонски разговор во врска со напорите да се стави крај на конфликтот меѓу Киев и проруските сепаратисти во источниот дел на Украина.

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, кажа дека Украина го инцирала разговорот, при кој Зеленски и Путин разговарале за одложениот мировен договор, како и за можноста за размена на затвореници од двете страни.

Портпаролот на украинскиот претседател, пак, кажа дека Зеленски го покренал прашањето за размена на групата од 24 украински морнари, кои беа заробени од Русија минатиот ноември.

Русија во моментот држи десетици украински граѓани, кои активистите за човекови права ги нарекуваат затвореници на моралот.

Украина, исто така, затвори неколкумина Руси, кои им се приклучија на вооружените сепаратисти поддржани од Москва, кои се борат во источниот дел на Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG