Линкови за пристапност

Порошенко бара НАТО да испрати воени бродови во Азовското Море


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пак, рече дека би можел да преземе улога на медијатор помеѓу Украина и Русија

Украинскиот претседател Петро Порошенко бара сојузниците на НАТО да испратат воени бродови во Азовското Море за да и` помогнат на Украина, како и да ја зголемат безбедноста по тензиите со Русија.

Реакциите на Порошенко денес беа објавени во германскиот весник „Билд“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пак, рече дека би можел да преземе улога на медијатор помеѓу Украина и Русија.

Тој телефонски разговарал со лидерите од двете страни, и најави дека ќе ја продолжи дискусијата со рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, на Самитот Г-20 во Аргентина.

Руските сили запленија три украински бродови, велејќи дека нелегално влегле во водите на руска територија, додека специјалниот претставник на САД во Украина Курт Вокер изјави оти му верува на Киев дека бродовите ги почитувале правилата на движење.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG