Линкови за пристапност

Русија распоредува уште ракети за противвоздушна одбрана во Крим


Украина прогласи воена состојба во некои од пограничните региони

Русија соопшти дека распоредува повеќе ракети за противвоздушна одбрана во Крим.

Овој потег доаѓа по инцидентот со Украина, при кој Русија заплени три украински бродови во Црното Море.

Русија ги обвини морнарите дека нелегално влегле во водите на руска територија, игнорирајќи ги предупредувањата.

Украина прогласи воена состојба во некои од пограничните региони, како одговор на овој инцидент, и заедно со бројни европски држави ги повика западните сојузници да воведат санкции против Москва.

Претседателот Петро Порошенко рече дека воената состојба ќе помогне да се зацврстат безбедносните капацитети на Украина, по зголемената агресија од Руската федерација.

Рускиот претседател Владимир Путин изрази загриженост за ваквата состојба, и и` кажал на германската канцеларка Ангела Меркел оти се надева дека таа може да влијае врз Украина со цел да се избегнат непромислени активности.

Путин се очекува да се сретне со претседателот на САД Доналд Трамп на Самитот Г-20 во Аргентина неделава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG