Линкови за пристапност

Порошенко бара Русија итно да ги ослободи запленетите бродови


Советот за безбедност на Обединетите нации свика вонреден состанок за да се разгледа ситуацијата, со цел да се спречи ескалација на тензиите

Украинскиот претседател Петро Порошенко побара Русија итно да ги ослободи украинските бродови запленети во Црното Море.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно ја обвини Украина за прекршување на меѓународните норми преку опасни методи кои претставуваат закана и ризик за нормално движење на бродовите во тој дел.

Советот за безбедност на Обединетите нации свика вонреден состанок за да се разгледа ситуацијата, со цел да се спречи ескалација на тензиите.

Русија вчера пукаше во три украински воени бродови во Црното Море, запленувајќи ги поради наводно нелегално влегување во нејзините територијални води.

Украинските официјални лица изјавија дека најмалку шест морнари се повредени, отфрлајќи ги обвинувањата дека дејствувале погрешно.

Тие ја обвинија Русија за воена агресија.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп претходно ја предупреди Русија да не ја отежнува економијата на Украина преку напад на бродовите под мостот Керч.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG