Линкови за пристапност

Комеморација за убиениот руски амбасадор во Турција


Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, „нема сомнение“ дека атентатот бил изведен од член на мрежата на муслиманскиот свештеник Фатула Ѓулен.

Во Русија се одржа комеморација за рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов кој беше убиен во Анкара.

Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, „нема сомнение“ дека атентатот бил изведен од член на мрежата на муслиманскиот свештеник Фатула Ѓулен.

Ѓулен порано неделава го осуди нападот, а САД, нарекувајќи ги „апсолутно смешни“, ги отфрлија наводите дека тој бил вмешан или го поддржал атентатот заради неговото присуство во Америка.

Русија претходно истакна дека е прерано да се извлекуваат заклучоци за напаѓачот.

XS
SM
MD
LG