Линкови за пристапност

Трамп: Назначувањето на специјалниот советник е „лов на вештерки“


Претседателот на САД реагираше на одлуката да се води специјална истрага за потенцијална поврзаност меѓу неговата кампања и Русија

Претседателот Доналд Трамп го потцени назначувањето на специјалниот советник Роберт Мулер, да води истрага за потенцијална поврзаност меѓу кампањата на Трамп и Русија во претседателските избори минатата година. Трамп го нарече потегот „најголем пример на лов на вештерки во политичката историја на САД“.

Во коментар на неговиот Твитер профил утринава, Трамп рече дека никогаш не бил назначен специјален обвинител да ги истражува „сите нелегални активности кои биле направени“ во кампањата на демократката Хилари Клинтон, и во администрацијата на неговиот претходник, Барак Обама.

Трамп реагираше на вчерашното назначување на Мулер, поранешен директор на Федералното истражно биро (ФБИ), да истражува дали некои од помошниците на Трамп, криминално соработувале со руски официјални лица, во обид да ги зголемат неговите шанси за победа на изборите.

Мулер ја прифати новата улога, додека ФБИ и Комисиите за разузнавање во Сенатот и во Претставничкиот дом, веќе водат истрага за потенцијални врски меѓу Русија и претседателската кампања.

Комисијата за разузнавање во Претставничкиот дом, соопшти дека побарала документи од ФБИ и од Одделот за домашна безбедност поврзани со отпуштањето на поранешниот директор на Бирото, Џејмс Коми.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG