Рускиот лидер Владимир Путин се чини дека го одобрува воениот напад од страна на Турција во североисточна Сирија, но има свои црвени линии, вклучително и дека не сака трајна окупација на сириската територија од страна на Турците, велат аналитичарите.
Во замена на согласноста на Кремљ со турската офанзива, за која Анкара вели дека има за цел да ја исчисти курдската милиција поддржана од САД, здружена со сецесионистичките Турски Курди во близина на границата, некои очекуваат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да се согласи со плановите на Москва за иднината на Сирија, при што претседателот Башар ал Асад, сојузник на Русија, повторно би воспоставил контрола на целата територија на Сирија.
Рускиот и турскиот лидер на почетокот на неделата телефонски разговараа пред турските воени воздушни напади врз курдските позиции во сириските погранични градови Тел Абјад и Рас ал-Аин, како и Камишли, главниот град на Курдите во северо-источна Сирија. Исто така следеше и копнен напад.
Турската офанзива започна откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги повлекува американските сили од овој регион, на тој начин отворајќи пат за турска воена интервенција. Американските законодавци го критикуваа потегот на САД, велејќи дека на тој начин се напуштаат курдските Сириски демократски сили, главен локален сојузник на САД во борбата против Исламската држава.
Објаснувањето на официјалните лица во Истанбул за телефонскиот разговор меѓу претседателите Путин и Ердоган беше кратко и се чини дека укажува на тоа дека Анкара има намера, во оваа фаза, во секој случај, да продолжи до крајот на зделката. Официјалните лица изјавија дека Ердоган му рекол на Путин дека неговиот упад ќе „придонесе за мир и стабилност“ во земјата и ќе го отвори патот за политички процес, одобрен од Русија, за решавање на целокупниот осумгодишен конфликт што ја опфати Сирија.
Читањето на телефонскиот разговор меѓу претседателите Путин и Ердоган од официјални лица во Истанбул беше краток и се чини дека укажува на тоа дека Анкара има намера, во оваа фаза, во секој случај, да продолжи до крајот на акцијата. Официјалните лица изјавија дека Ердоган му рекол на Путин дека нападот ќе „придонесе за мир и стабилност“ во земјата и ќе го отвори патот за политички процес, одобрен од Русија, за решавање на целокупниот осумгодишен конфликт во Сирија.
Во напис на „Вашингтон пост“, портпаролот на турскиот лидер, Фахретин Алтун, рече дека:„Турција нема амбиции во северо-источна Сирија, освен да ја неутрализира долгогодишната закана против турските граѓани“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повтори дека Русија го признава „правото на Турција да обезбеди нејзина безбедност“, но додаде и дека: „знаеме дека се отвораат одредени перспективи и разбираме дека тоа ќе биде долг и трнлив пат. Сега кога е формиран Сирискиот Уставен комитет и кога е назначен датумот за состаноци, од витално значење е да се воздржите од какви било чекори што можат да му наштетат на решавање на сириското прашање“.
Песков, исто така, повтори дека Москва инсистира „сите нелегални странски трупи во Сирија да ја напуштат земјата“. Москва појаснува дека Анкара на крајот мора да прифати враќање на сириската армија во граничната област, велат аналитичарите.
Facebook Forum