Линкови за пристапност

Во пожар оштетена руска нуклеарна подморница


Претседателот Владимир Путин потврди дека воената подморница која беше оштетена во пожар и во која загинаа 14 членови на екипажот била на нуклеарен погон. Сепак, тој рече дека подморницата не е сериозно оштетена.

Руските власти соопштија дека морнарите починале од вдишување на чад.

Додека нацијата жали за загубата на поморските офицери, министерот за одбрана, Сергеј Шојгу ги пофали членовитe на екипажот за брзиот одговор:

„Морнарите дејствуваа херојски. Тие евакуираа цивилно лице, претставник од индустријата од делот кај што започна пожарот. Тие ја затвориле вратата со цел да спречат ширење на огнот низ подморницата ... и на крај тие се бореле за спасување на подморницата.“

Министерството за одбрана за инцидентот се до следниот ден, оставајќи простор некои критичари да се сомневаат дека властите не ја објавиле целата приказна.

Норвешки официјални лица кои ја следат радијацијата во тој регион велат дека не откриле зголемено зрачење.

Подморницата се врати во пристаништето во градот Североморск.

XS
SM
MD
LG