Линкови за пристапност

Стапија во сила новите санкции на САД кон Русија


Кремљ рече дека целосно ќе ги разгледа санкциите, пред да одлучи на кој начин ќе реагира

Денес стапија во сила новите санкции на САД кон Русија, за нападот со нервен агенс во Велика Британија.

Кремљ рече дека целосно ќе ги разгледа санкциите, пред да одлучи на кој начин ќе реагира, нагласувајќи дека одговорот ќе биде во согласност со интересите на Русија.

Министерство за надворешни работи на Русија вели дека новите санкции само ќе го отежнат дијалогот, јави „Ројтерс“.

Санкциите ќе ја прекинат дел од паричната помош, како и продажбата на оружје кон Русија.

Мерките ќе се одразат врз кредитирањето на земјата, а ќе го забранат и извозот на технологија и безбедносно чувствителни производи.

Американските власти го обвинија официјален Кремљ за нарушување на меѓународното право, истакнувајќи дека руската Влада стои зад нападот со нервен агенс врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

Официјален Кремљ, пак, категорично отфрли каква било вмешаност во труењето на Скрипал и неговата ќерка.

XS
SM
MD
LG