Линкови за пристапност

Мулер доби доверба од Одделот за правда


Специјалниот советник кој ја води истрагата за руското мешање во изборите во САД, Роберт Мулер, ја доби доверба од претставникот на Одделот за правда кој го назначи и ја надгледува неговата работа.

Заменик-јавниот правобранител Род Розенстајн, го назначи Мулер во мај годинава, откако претседателот Трамп го отпушти тогашниот директор на ФБИ, Џејмс Коми. Розенстајн ја отфрли критиката на републиканците дека тимот на специјалниот советник е компромитиран поради постоењето на партиски ставови насочени против Трамп.

Розенстајн пред членовите на Комисијата за правосудство во Претставничкиот дом, рече дека Одделот за правда ќе се погрижи да нема пристрасност во која било постапка што ја спроведува Мулер или по кое било прашање коешто е во јуриздикција на Одделот за правда.

Американскиот заменик-јавен правобранител додаде дека Мулер е почитуван поранешен федерален обвинител и директор на ФБИ, и дека бил „идеален избор“ за да ја води истрагата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG