Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди странските ривали за провокација и тестирање на силата на Русија. Тој рече дека рускиот одговор би бил „асиметричен, брз и тежок“.
Тој го кажа ова за време на денешното годишно обраќање пред нацијата, нагласувајќи дека Русија се стреми кон добри односи со другите држави.
Тој ги повика државите да дискутираат за прашања поврзани со стратешкото оружје и обезбедување на глобалната стабилност.
Путин рече дека во некои држави станало навика Русија да се обвинува за се`, како да е тоа некој вид спорт.
Тој додаде дека Русија не возвратила на ова непријателство и дрскост.
„Се надевам дека никој нема да помисли да ја помине црвената линија со Русија. А каде оваа линија ќе биде, во секој конкретен случај, ќе одлучиме ние“, рече Путин.
Неодамна САД воведоа нови економски и дипломатски санкции против Русија, за напорите да се меша во изборите во САД, и за кибернетските напади врз американски компании и институции.
Facebook Forum