Рускиот претседател Владимир Путин изрази поддршка за неочекуваната одлука на Белата куќа од Сирија да бидат повлечени 2.000 американски војници, нарекувајќи го нивното присуство како нелегитимно и пречка за мирот во регионот.
Зборувајќи пред рекорден број на новинари (околу 1.700) на 14-та годишна прес-конференција, Путин рече дека се согласува со проценката на претседателот Доналд Трамп дека Исламската држава во голема мера била поразена на теренот.
„Доналд е во право, јас се согласувам со него“ рече тој, наведувајќи дека во изминатата година радикалните милитанти кои се` уште држат мала територија во северниот дел на Сирија претрпеле „сериозен удар.“
„Јас не мислам дека таму се потребни (американски сили)“ рече Путин. „И да не заборавиме дека присуството на американските трупи таму е нелегитимно. САД немаат поддршка од Обединетите нации или покана од сириската влада. Русија е на покана на сириската влада. Но, ако САД одлучиле да се повлечат, тоа е добро.“
(САД го оправдуваат военото присуство во Сирија заради борбата против Исламската држава - како дел од глобалната борба против тероризмот.)
Сепак, Путин изрази скептицизам околу тоа дали САД навистина ќе се повлече од Сирија.
„Се` уште нема никакви знаци на повлекување на американските трупи“, рече тој. „Колку долго САД се наоѓаат во Авганистан? 17 години? Тие речиси секоја година велат дека ги повлекуваат своите трупи.“
Во средата руските државни медиуми објавија дека Министерство за надворешни работи на Русија повлекувањето на САД го нарече добредојдено за постигнување на политичко решение на седумгодишната криза.
Реакцијата на Кремљ им даде реторичка муниција на критичарите на одлуката на Трамп, која дури и неколкумина конгресни сојузници на Трамп се нарекуваат хаотични и бесцелна.
„Повлекувањето на малиот број американски војници од Сирија ќе биде огромна грешка, како онаа на Обама“, објави на Твитер членот на Комисијата за вооружени служби во Сенатот, Линдзи Грем од Јужна Каролина.
„Најдов некој кој ја поддржува одлуката за повлекување од Сирија“, објави на Твитер на сенаторот од Флорида, Марко Рубио, ставајќи линк на постот од руската амбасада со која се дава поддршка на одлуката на Трамп.
„Трамп стави уште еден голем подарок под новогодишната елка на Владимир Путин“, напиша конгресменот од Тексас, Лојд Догет.
Аналитичарите велат дека во Ирак и Сирија се активни околу 30.000 милитанти на Исламската држава и дека се чини дека одлуката на Трамп е направена без поддршка или знаење на врвни функционери од Пентагон.
Facebook Forum