Линкови за пристапност

Путин: Русија ќе произведува претходно забранети проектили


Рускиот претседател вели дека проектилите ќе бидат распоредени ако САД го сторат тоа

Претседателот Владимир Путин рече дека Русија ќе произведува од проектилите кои беа забранети до минатиот месец, по престанокот на договорот со кој се забранети, но ќе ги распореди само ако тоа го сторат и САД.

„Веднаш рековме дека нема да распоредиме ништо, откако Американците тестираа таков проектил“, рече Путин за време на економска конференција во источниот град Владивосток на 5-ти септември.

„Ќе произведуваме такви проектили, се разбира, но нема да ги распоредиме во регионите каде нема копнени ракетни системи од оваа класа произведени од САД“, додаде тој.

Откако со години ја обвинуваа Русија за кршење на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел, САД официјално на 2-ри август се повлекоа од договорот со кој се забрануваат копнени и балистички ракети за копнена употреба со дострел меѓу 500 и 5500 километри.

Пропаѓањето на договорот од времето на Студената војна ги зголеми стравувањата од нова трка за вооружување.

Тензиите се зголемија откако на 18-ти август Вашингтон призна дека е лансиран проектил и дека податоците собрани од тестирањето ќе бидат искористени за „развој на идните можности со среден дострел“.

Путин во Владивосток рече дека е загрижен од коментарите на Вашингтон во врска со распоредувањето проектили во Јапонија и Јужна Кореја, бидејќи тие локации се доволно блиску за да ја погодат руската територија.

Претходно, на 5-ти август, Путин предупреди дека Русија ќе реагира доколку САД развијат нуклеарни ракети со краток и среден дострел.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG