Линкови за пристапност

За руските власти експлозијата во супермаркетот е терористички чин


Најмалку 13 лица беа повредени откако рачно направена бомба беше детонирана во Санкт Петерсбург

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека експлозијата во супермаркет во Санкт Петербург, при што беа повредени најмалку 13 лица, претставува терористички акт.


Путин го изјави ова денес во Кремљ за време на церемонијата на доделување награди за руските војници кои служеле во Сирија, но не даде дополнителни детали за инцидентот причинет од рачно направена бомба.


Здравствените работници изјавија дека повредените се надвор од животна опасност.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG