Русија изјави дека е подготвена да даде воена поддршка на белорускиот лидер Алаксандар Лукашенко, како што се зголемуваат масовните протести по неговиот избор на 9-ти авагуст.
Во изјвата од Кремљ, се вели дека рускиот претседател Владимир Путин, за време на телефонски разговори вчера, се согласил за „сеопфатна асистенција да се одржи мирот во Белорусија“, врз основа на постоечкиот договор за заедничка безбедност.
Илјадници луѓе протестираа викендов против изборот на Лукашенко, како и против медиумите кои го поддржуваат да остане на власт.
Лукашенко при вчерашниот говор во центарот на Минск, рече дека неговите непријатели, кои ги нарече „стаорци“, работеле со НАТО да ја урнат неговата Влада и да ги украдат изборите, кои, тој тврди ги добил со преку 80 проценти поддршка.
Facebook Forum