Кремљ ги потцени неодамнешните протести во Русија, отфрлајќи ги коментарите дека тие креирале политичка криза во државата.
Портпаролот Дмитри Песков изјави дека претседателот Владимир Путин не ги коментирал демонстрациите бидејќи не сметал дека се исклучителни.
Песков, исто така, ги бранеше акциите на полицијата, оправдувајќи ја нејзината силна реакција.
На последниот протест во неделата, десетици илјади лица се собраа во центарот на Москва, критикувајќи го исклучувањето на неколку опозициски кандидати на претстојните локални избори.
Протестот беше еден од најголемите во Русија изминативе осум години.
Полицијата уапси неколку илјади демонстранти на протестите за време на изминатиов месец.
Facebook Forum