Линкови за пристапност

30 дена затвор за холандскиот адвокат оти го лажел ФБИ


Мерката е дел од истрагата за вмешаноста на Русија во претседателските избори во САД во 2016-та година

На холандскиот адвокат Алекс ван дер Зван, со седиште во Лондон, му е одредена мерка затвор од 30 дена, и парична казна од 20.000 долари, поради тоа што лажел пред истражителите на Федералното истражно биро (ФБИ), одговорни за истрагата за вмешаноста на Русија во претседателските избори во САД во 2016-та година.

Зван не е клучна фигура во истрагата, но, е дел од продолжителните напори на специјалниот советник Мулер за одговори по прашањето.

Адвокатот претходно се изјасни за виновен дека лажел пред ФБИ за неговите контакти со лица веќе обвинети за вмешаност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG