Линкови за пристапност

Џулијани: Претставници од кампањата на Трамп можеби соработувале со Русија


Руди Џулијани, еден од адвокатите на американскиот претседател Доналд Трамп призна дека некои официјални претставници од кампањата на Трамп можеби соработувале со Русија за да му помогнат да победи на претседателските избори во 2016-та година, но дека Трамп не учествувал во тоа.

Џулијани ова го кажа во интервју за телевизиската мрежа „Си-Ен-Ен.“ Неговите коментари се во спротивност со она што Трамп го напиша најмалку 13 пати на Твитер, дека неговата кампања не соработувала со Русија.

Специјалниот советник Роберт Мулер и неговиот тим истражува дали кампањата на Трамп соработувала со Русија и дали Трамп, како претседател ја попречил правдата со обид да ја спречи истрагата.

Се верува дека Мулер подготвува извештај за неговите наоди, откако веќе поднесе неколку обвиненија, е некои клучни лица од кампањата на Трамп се изјаснија за виновни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG