Линкови за пристапност

Претставничкиот дом денес се очекува да гласа за можни правни постапки против Бар и Мекген


Законодавците бараат пристап до документите од извештајот на Мулер, за да утврдат дали имало попречување на правдата или не

Претставничкиот дом на САД денес треба да гласа за мерка, со која би можеле да се овозможат правни постапки против главниот правобранител Вилијам Бар и поранешниот советник на Белата куќа Дон Мекген, поради нивното одбивање да соработуваат со Конгресот во врска со истрагата за мешање на Русија во претседателските избори во 2016-та година.

Законодавците бараат пристап до документите од извештајот на специјалниот советник Роберт Мулер, за тоа дали претседателот на САД Доналд Трамп ја попречил правдата преку обид да ја спречи истрагата, како и за обидот да го спречи Мекген да сведочи за тоа што се случувало во Белата куќа.

Мекген беше клучен сведок за Мулер, но, тој одби да сведочи пред конгресните комисии, под инструкции на Белата куќа.

Претседателот Трамп се заложи дека ќе се бори против сите демократски наредби, но, договорот на конгресменот Џеролд Надлер за информации од истрагата на Мулер, сигнализира дека постои простор за преговори отколку да се дозволи секој спор да заврши во правна битка на суд.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG