Линкови за пристапност

Русите бараат реформи во полицијата


Русите бараат реформи во полицијата

Многу Руси гледаат на полицијата со недоверба.

Многу Руси гледаат на полицијата со недоверба.

Неодамнешното истражување од центарот Левада во Москва покажа дека 67 проценти од испитаниците на агенции за спроведување на законот гледаат со недоверба и страв. Седумдесет и седум проценти велат дека не се чуствуваат безбедни во присуство на полиција.

Павел Фелгенхауер е независен аналитичар за безбедносни прашања во Москва. Тој вели дека полициски сили во Русија се целосно корумпирани и дека тоа сите го знаат, зашто полицајците редовно примаат мито. Тоа, според него, е разработен систем – тие собираат пари и тоа оди така се` до врвот.

Серија скандали придонесоа за поткопување на довербата во јавноста за руската полиција. Бројни видео снимки на интернет покажале полицајци во непријатни ситуации.

Во еден инцидент бил вклучен шефот на московската полиција во пукотница под дејство на алкохол. Минатиот април, влегол во супермаркет во Москва откако го прославил роденденот, отворил оган, убил двајца и повредил неколкумина.

Обраќајќи им се на највисоките по ранг полицајци во Москва, претседателот Дмитри Медведев предложи преполување на персоналот од министерството за внатрешни работи. Тој нареди зголемување на платите, за да се прекине земањето поткуп.

Шефот на московската полиција Микхаил Пашкин вели дека намалувањето на персоналот нема да донесе многу промени: „Предложените мерки нема да помогнат. Тоа што Медведев сакаше на самиот почеток, звучи убаво – да се реформираат судовите. Ако имаме независно судство, тогаш целиот хаос во агенции за безбедност ќе запре, уште на првиот судски распит.“

Друга мерка од предложената реформа е кривично да се гонат полицајците кои не ги почитуваат наредбите од претпоставените. Пашкин вели дека властите имале намера целосно да ја претворат полицијата во внатрешна армија, затоа што стравуваат од јавни немири во блиска иднина, како Калининград и Владивосток. Тие сакаат полициските офицери да молчат и да слушаат наредби, додава тој.

Руското министерство за внатрешни работи има околу 1,4 милиони вработени.

XS
SM
MD
LG