Линкови за пристапност

Русија вели авионската несреќа била терористички акт


Првиот човек на руската безбедносна служба додаде дека во авионот на Метроџет имало импровизирана експлозивна направа.

Првиот човек на Руската федерална безбедносна служба, Александар Бортников, изјави дека минатомесечното смртоносно уривање на рускиот патнички авион над Синајскиот Полуостров, било терористички акт и дека во остатоците и багажот, бил пронајден експлозив.

Бортников додаде дека се работи за импровизирана експлозивна направа, изработена од еден килограм Ти-Ен-Ти. Федералната безбедносна служба најави награда од 50 милиони долари за информација којашто би водела кон апсење на одговорните лица.

Претседателот Владимир Путин вети дека ќе го пронајде и казни кој и да е одговорен и повика на руските партнери да помогнат во обидите за идентификување на сторителите.

Во уривањето на авионот на Метроџет на 31-ви октомври, загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.

Милитанти поврзани со организацијата Исламска држава соопштија дека го извеле нападот, а бројни странски влади изразија верување дека во него била вклучена експлозивна направа.

XS
SM
MD
LG