Пилотска грешка, како и дефектни сензори, се веројатната причина за падот на патничкипт авион во Русија, при што загинаа сите 71 лица, соопштија истражителите.
По проучувањето на црната кутија, Комисијата за воздухопловство соопшти дека несреќата близу Москва во неделата, се случила откако пилотите забележале различни податоци за двата индикатора за брзина.
Комисијата додаде дека дефектот се случил бидејќи пилотите пред полетувањето не го вклучиле системот за греење.
Авионот полетал од московскиот аеродром Домодедово, со крајна дестинација - градот Орск, и кусо време потоа се урнал во поле на околу 64 километри југоисточно од Москва.
Facebook Forum