Линкови за пристапност

Пронајдена црната кутија од рускиот авион


Руските информативни агенции велат дека кутијата ќе биде испратена во Москва за анализа, со цел да се открие причината за несреќата

Руското министерство за одбрана соопшти дека истражните тимови ја пронашле црната кутија од воениот авион, кој викендов се урна во Црното Море.

Руските информативни агенции велат дека кутијата ќе биде испратена во Москва за анализа, со цел да се открие причината за несреќата.

Официјалните лица велат дека тероризам не е исклучен како можна причина за несреќата, но дека е крајно неверојатно.

Во авионската несреќа загинаа сите 92 лица, а руските медиуми шпекулираа за можните причини за уривање на авионот, како технички проблеми, човечка грешка, како и дека е можно авионот да бил премногу натоварен.

Русија се` уште жали по загинатите, а пред концертната сала каде загинатите челови на ансамблот „Александров“ настапувале, се палат свеќи и се положуваат цвеќиња.

XS
SM
MD
LG