Линкови за пристапност

Укинати санкциите за 28 руски олимписки спортисти


Ова не значи дека тие се прогласени за невини, но, поради недоволни докази, жалбите се прифатени

Арбитражниот суд за спорт (АСС) ги поддржа жалбите на 28-те руски спортисти, кои беа санкционирани од страна на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за наводен допинг на Олимписките игри 2014-та во Сочи.

АСС соопшти дека нема доволно докази оти спортистите го прекршиле Законот за допинг.

„Ова не значи дека овие 28 спортисти се прогласени за невини, но, во нивниот случај, поради недоволни докази, жалбите се прифатени, санкциите се поништени и нивните индивидуални резултати постигнати во Сочи се повторно воспоставени“, рече Матио Риб, генерален секретар на Арбитражниот суд за спорт.

МОК изјави дека санкционираните спортисти нема да бидат поканети да учествуваат на овогодинешната Олимпијада во Јужна Кореја.

Од Комитетот изразија жалење за одлуката на Судот, велејќи дека „може да има сериозно влијание врз идната борба против допингот“.

За 11-те други спортисти, за кои исто така постоело сомнение за користење на допинг, Арбитражниот суд соопшти дека поседуваат доволно докази за нивните обвиненија.

Но, наместо да ги задржи претходните казни за доживотна забрана на Олимпијада, оттаму велат дека на овие спортисти ќе им биде забрането да учествуваат само на престојните игри во 2018-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG