Русија вели дека би било „апсурдно“ Москва да се поврзува со смртта на Британката која беше изложена на истиот нервен агент како и поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март годинава.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Русија е „длабоко загрижена за тековните инциденти на труење на британска територија“, но додаде дека нема информации дека неговата земја е вклучена во нив.
Британската полиција отвори истрага за убиство, откако во болница во Салисбури почина 44-годишната Дон Стјурџес.
Таа се разболе на 30-ти јуни, заедно Чарли Роули, кој е хоспитализиран и е во критична состојба.
Полицијата соопшти дека тие биле затруени со агенсот „новичок“.
Велика Британија ја обвини Русија за труењето на Скрипал, обвинение што Русија го негира.
Facebook Forum