Линкови за пристапност

Русија го покани Ким Јонг Ун да учествува на економски форум


Писмото на Путин до севернокорејскиот лидер, го доставил министерот за надворешни работи Лавров

Рускиот претседател Владимир Путин, го покани севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Русија, за да присуствува на претстојниот глобален форум.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Дмитри Песков, изјави дека поканата била доставена преку писмо коешто министерот за надворешни работи Сергеј Лавров го врачил за време на неговата посета на Пјонгјанг, минатата недела.

Песков додаде дека Путин предложил неговиот севернокорејски колега да присуствува на Економскиот форум на земјите од Далечниот Исток, што ќе се одржи во септември, во Владивосток.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG