Кремљ ги одби обвинувањата дека стои зад ненадејната болест на опозицискиот лидер Алексеј Навални, ден откако германската истрага заклучи дека Навални бил отруен со нервниот отров новичок.
Резулатите од истрага, кои вчера ги соопшти германската канцеларка Ангела Меркел, откриваат дека Навални се опоравува од нервниот отров од советската ера во болница во Берлин. Меркел рече дека е јасно оти се работи за напад врз живот на опозицискиот политичар од лица поддржани од Владата на Русија.
„Има сериозни прашања кои само Руската влада може да ги одговори“, рече Меркел.
Кремљ, пак, рече дека руските лекари направиле анализа, која не покажала знаци на труење со нервен отров, пред Навални да биде префрлен во болница во Берлин на 22 август.
„Нема основ за обвинувања против руската држава. Не прифаќаме такви обвинувања“, рече портпаролот на Кремљ Дмитри Песков.
Главниот стратег на Навални Леонид Волков, вели дека Навални бил отруен со новичок, што води до директна врска со руското лидерство.
Facebook Forum