Линкови за пристапност

Рускиот опозициски лидер Навални ослободен по 30 дена затвор


За време на издржувањето на казната, тој беше хоспитализиран поради сериозна алергиска реакција

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денес е пуштен од затвор, јави неговиот портпарол.

Тој беше затворен 30 дена поради повикување на демонстрации во Москва, против исклучувањето на опозициските кандидати на претстојните избори.

За време на издржувањето на затворската казна, тој беше хоспитализиран поради сериозна алергиска реакција.

Сојузникот на Навални Леонид Волков, на Твитер напиша дека и тој имал слична алергиска реакција, кога во јуни бил затворен во истата келија како Навални.

Тој повика на сериозна инспекција на хигиенските стандарди во затворското оддление.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG