Линкови за пристапност

Навални ослободен, откако беше уапсен на протестите во Москва


Опозицискиот лидер ги повикува Русите да ги бојкотираат изборите, во кои Путин се очекува да обезбеди втор последователен мандат

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е ослободен, откако беше уапсен на протестите во Москва, против претседателските избори во март, на кои се очекува претседателот Владимир Путин да добие нов мандат во Кремљ.

Полицијата го уапси Навални, веднаш откако тој извика „измамници и крадци“ на демонстрациите во централниот дел на Москва.

Илјадници граѓани протестираа на ниските температури во десетици градови низ Русија, поддржувајќи го Навални и неговите приврзаници за претстојните, како што велат тие, сомнителни избори.

Навални ги повикува Русите да ги бојкотираат изборите, во кои Путин се очекува да обезбеди втор последователен мандат.

Навални, кој во јавноста стана познат известувајќи на социјалните медиуми за, како што тој вели, криминалот на руските лидери, не може да учествува во трката за претседател, поради одложена затворска казна за проневера, за која тој и неговите приврзаници, велат дека е политички монтиран случај.

Путин е претседател на Русија или премиер уште од 1999-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG