Линкови за пристапност

Рускиот опозиционер Навални доби забрана за претседателските избори


Ќе повикаме на бојкот, нема да ги прифатиме резултатите, најави тој

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, повика на бојкот за следните претседателски избори во земјата, откако му беше забрането да учествува во изборната трка.

Руската Централна изборна комисија (ЦИК) во понеделникот гласаше за забрана Навални да се кандидира на претседателските избори во март 2018-та година, затоа што е осуден за кривични дела, за кои неговите следбеници рекоа дека се политички мотивирани.

Навални рече дека неговиот тим сега ќе води кампања против учество на претседателските избори.

„Го објавуваме штрајкот. Ќе повикаме на бојкот на овие избори, нема да ги прифатиме резултатите и ќе имаме голема национална кампања која ќе вклучува не само повик против изборите, туку ќе се жалиме и на оваа одлука ЦИК на Уставниот суд“, истакна тој.

Рускиот претседател Владимир Путин, претходно месецов објави дека ќе се кандидира на изборите на 18-ти март и се претпоставува дека ќе го освои четвртиот мандат како шеф на државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG