Линкови за пристапност

ЕУ бара Русија да го укине Законот за странски агент оти ја задушува слободата на медиумите


Меѓу таргетираните медиуми се наоѓа и Радио Слободна Европа во Москва

Европската Унија ја повика Русија да го укине контроверзниот Закон за странски агент, кој се користи за таргетирање голем број медиуми на руски јазик, вклучувајќи ја и Радио Слободна Европа.

Минатата недела судски извршители почнаа со запленување предмети од канцеларијата на Радио Слободна Европа во Москва, барајќи список на опрема која би можела да се заплени. Тие, исто така, обезбедија судска наредба за замрзнување на сметките на овој медиум во Московската банка.

„ЕУ постојано ги повикува руските власти да го повлечат Законот и да ги почитуваат меѓународните обврски во однос на слободата на собир и изразување“, изјави портпаролот на шефот на европската диплматија Хосеп Борел.

Руската легислатива за таканречен „странски агент“ беше усвоена во 2012 година, со направени измени во повеќе наврати оттогаш.

Согласно неа, невладините организации кои имаат странска поддршка, а кои владата смета дека имаат политичка активност, мора да бидат регистрирани и да се идентификуваат како странски агенти. Со измените, тие обврски важат и за медиумите финансирани од странство.

„Таквите постапки имаат јасна намера да ги попречат операциите на Радио Слободна Европа, како дел од пошироките напори да се задуши независноста на медиумите и критичките гласови во земјата“, рече портпаролот на Борел.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG