Линкови за пристапност

Русија треба да се санкционира за влијанието на Западен Балкан, рече заменик-државниот секретар на САД Стивен Биган


Институциите треба да соработуваат за да се соочиме со вистинскиот предизвик, додаде тој

САД и Западниот Балкан треба да воведат санкции против малигното влијание на Русија во регионот, изјави заменик-државниот секретар на САД Стивен Биган, на денешената онлајн конференција, организирана од Варшавскиот безбедносен форум и Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

„Треба да работиме одблизу за потенцијално поефикасно користење на институциите за спроведување на законот, како и да соработуваме при разузнавање, истраги, санкции и казни, со цел да се одврати руското влијание“, рече Биган, одговарјќи на прашање на Елмас Хасановиќ, член на Мрежата на европски млади демократи (ЕДИН).

Тој не кажа дали блокадата на Северна Македонија од страна на Бугарија, за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, ќе отвори простор за поголемо мешање на Русија.

Според него, ситуцијата можела да биде полоша, но, оти можела да биде и подобра.

„Сега институциите треба да соработуваат за да се соочиме со вистинскиот предизвик“, додаде тој.

Биган го потенцираше и кинеското влијание во Европа, велејќи дека тоа треба да биде приоритет на САД.

„Заедно со Европа треба да се залагаме за она во што веруваме. Нашите заеднички вредности и интереси. Тоа е она што не` води, а останатото ќе се случи со тек на време“, рече тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG