Линкови за пристапност

Кери во Русија на разговори за Сирија


Дводневните разговори се претходница на средбата на претседателот Обама и неговиот руски колега на маргините на Самитот на Групата 8 индустријализирани земји.

Државниот секретар Џон Кери пристигна во Москва на разговори за војната во Сирија и други прашања.

За денеска на агендата е планирана средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Подоцна, шефот на американската дипломатија ќе одржи билатерална средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Фокус на разговорите се очекува да биде ситуацијата во Сирија, иранската и севернокорејската нуклеарна програма, Авганистан и трговските прашања.

Кери и Лавров досега се сретнале на неколкупати, но ова е негова прва официјална посета на Москва откако е на функцијата државен секретар.

Дводневните дискусии се претходница на средбата на претседателот Обама и неговиот руски колега на маргините на Самитот на Групата 8 индустријализирани земји.

САД и Русија се во расчекор за тоа кој би бил најдобар начин за справување со бунтовништвото во Сирија. Русија и Кина на неколкупати го користеа своето право на вето во Советот за безбедност на ОН за да спречат поостри санкции против сирискиот претседател Башар ал-Асад.
XS
SM
MD
LG