Русија вели дека во следните неколку недели ќе и достави на Сирија модернизиран систем за противвоздушна одбрана од типот С-300 и покрај противењето на Израел.
Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу кажа дека рускиот претседател Владимир Путин наредил надградба откако сириската противвоздушна одбрана по грешка собори руски авион, мислејќи дека станува збор за израелски, при што загинаа сите 15 членови на екипажот.
„Ни сме речиси сигурни дека имплементацијата на ваквите мерки ќе олади некои вжештени глави и ќе спречи преземање на импулсивни акции кои преставуваат закана за нашите трупи. Во спротивност ние ќе треба да реагираме како што налага ситуацијата.“ рече Шојгу.
Советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон ја советува Русија да направи ревизија на одлуката, влечејќи дека новиот ракетен систем значително ќе ги ескалира тензиите во регионот.
Москва го обвинува Тел Авив за инцидентот затоа што во тоа време израелските сили спроведувале воздушни напади во Сирија.
Facebook Forum