Линкови за пристапност

Путин даде заклетва за претседател, по апсењето на опозицискиот лидер Навални


По протести и апсења низ целата држава тој, по четврти пат, се заколна дека ќе му служи на рускиот народ

Владимир Путин, кој бил и претседател, и премиер на Русија уште од 1999-та година, денес, по четврти пат во Кремљ, даде заклетва за претседател на Русија.

Држејќи ја раката врз златната копија на Уставот, Путин се заколна дека ќе му служи на рускиот народ, ќе ги штити нивните права и слободи, и ќе го брани суверенитетот на државата.

„Моја обврска и цел на целиот мој живот е да направам се` за Русија, за нејзината сегашност и иднина, како мирна и просперитена држава, за доброто на секое руско семејство“, рече Путин меѓудругото во неговиот инаугуративен говор.

Тој не може да се кандидира за претседател на Русија по петти пат, освен ако не се промени Уставот, кој забранува повеќе од два последователни мандата.

Инаугурацијата на Путин во Кремљ доаѓа два дена по големи демонстрации низ целата држава, кои протестираа против новиот мандат на Путин.

Во саботата, рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше уапсен, заедно со стотици други демонстранти во центарот на Москва, како и во 90 други градови. Тој беше ослободен вчера.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG