Одделот за правда синоќа соопшти дека е уапсена владина договорна соработничка од Агенцијата за национална безбедност, за која се вели дека испратила доверлив материјал до Интернет портал.
Информацијата доаѓа истиот ден како и извештајот на веб-страницата на The Intercept, во кој се вели дека доверлив документ покажа оти Руската воена разузнавачка служба се обидела да изврши хакерски напад во системите за регистрација на гласачи, пред минатогодишните претседателски избори во САД.
Во писмена изјава, поднесена од специјален агент на Федералното истражно биро (ФБИ), се вели дека уапсената жена, идентификувана како Реалити Винер, признала дека испечатила доверливи разузнавачки извештаи и ги праќала на Интернет порталот.
Американското разузнавање претходно заклучи дека Русија извршила хакерски напад во електронските пораки на Демократската партија, и до Викиликс протекле засрамувачки информации, во наводен обид да помогне на републиканецот Доналд Трамп да победи на изборите.
Конгресот и специјален советник водат одвоени истраги за тоа дали некој во кампања Трамп соработувал со Русите.
Facebook Forum