Линкови за пристапност

Во Прага уапсен руски државјанин осомничен за хакерски напади против САД


ФБИ соработувало со чешката полиција. Не е познато дали лицето ќе биде екстрадирано во САД.

Федералното истражно биро во соработка со чешката полиција во Прага уапсило руски државјанин за наводен обид да изврши кибернетски напади против САД.

Минатата недела, администрацијата на претседателот Обама и официјално ја обвини руската влада за хакерски напади врз американски институции во обид да влијае на исходот на претстојните претседателски избори. Полицијата не даде индикации дека уапсеното лице е поврзано конкретно со овие обвинувања.

Без многу детали, портпаролот на чешката полиција Дејвид Шон кажал дека целта на операцијата бил руски државјанин и дека била изведена успешно. Во соопштение на полицијата се додава дека судот на Чешката Република треба допрва да одлучи дали осомничениот ќе биде екстрадиран во САД.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно порекна секаква вмешаност на Москва во хакерските напади.

XS
SM
MD
LG