Линкови за пристапност

Земји на ЕУ им се придружија на САД во протерувањето руски дипломати


Повеќето од земјите на ЕУ, им се приклучија на САД во прогонување на десетици руски дипломати, во координирана одмазда за труењето на поранешниот руски шпион во Британија на 4-ти март. Британската влада за нападот ја обвини Русија.

Координираните протерувања резултираа со осуда од страна на Кремљ, кој предупреди дека соодветно ќе реагира.

Официјален Вашингтон денеска објави дека администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп им нареди од земјата да заминат 60 руски дипломати, по што уследи Германија, која даде четири вакви наредби.

Холандија протера двајца руски дипломати, Естонија нареди заминување на рускиот аташе за одбрана, додека Чешка нареди дека ќе протера тројца вработени во амбасадата на Русија.

Литванија соопшти дека ќе протера тројца руски дипломати и им забрани на 44 други руски официјални лица влез во земјата, додека Латвија ќе протера еден руски дипломат.

Слични чекори најави и Франција, а Полска истото ќе го стори со четворица руски дипломати.

Во Брисел, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, рече дека вкупно 14 членки на ЕУ учествувале во колективната одмазда и најави дека наскоро се можни натамошни активности.

Премиерката Тереза Мај кажа дека државата ги поздравува денешните мерки на британските сојузници, што, како што истакна, јасно покажуваат дека сите земји се рамо до рамо во испраќање на најсилниот сигнал до Русија, дека не може да продолжи да го негира меѓународниот закон.

Претставници на Кремљ кажаа дека рускиот претседател Владимир Путин, допрва ќе одлучи како ќе одговори и дека тоа би било „симетрично“.

Претходно, Британија протера 23-ца руски дипломати како одговор на труењето, а Русија потоа го стори истото, протерувајќи ист број британски дипломати.

Москва негира вмешаност во нападот, а руската амбасада во Вашингтон во неделата се обиде да ја спречи денешната акција, повикувајќи ја Белата куќа да не верува во, како што ја нарече британската пропаганда.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG