Линкови за пристапност

Централна Европа нервозна воочи руската воена вежба


Најголемата воена вежба на Москва од Студената војна наваму, се смета за покажување на сила што ги интензивира тензиите

Русија веќе неколку недели пренесува војници и оклопни возила во Белорусија, а утре Кремљ ќе им нареди да почнат напади соседни земји-членки на НАТО.

Фиктивни, се разбира.

За соседите на Русија, обемната воена вежба на Москва, позната како „Запад 2017“, една од најголемите од Студената војна, наваму, е пример за руското заплашување, покажување на сила, со цел, задржување на традиционалниот сојузник на Белорусија, во случај да не го смени мислењето, а балтичките држави, Полска и Украина, да им влее сомнеж за руската моќ.

Двете фиктивни земји што руските сили планираат да ги „нападнат“ во рамки на вежбите, кореспондираат со Полска и Литванија, иако Москва вели дека руски и белоруски војници само ќе вежбаат дефанзивно сценарио. Тие воедно тврдат дека вежбата е и подготовка на заканите од тероризам.

Претставници на НАТО велат дека вежбите можно е да се користат како покритие за приближување на војници и опрема до источниот дел на источниот дел на Алијансата, оставајќи ги материјалите и единиците во Белорусија, за идни евентуални брзи акции.

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен, за време на неодамнешниот состанок на европските министри за одбрана во Талин, изјави: „гледаме покажување на способност и моќ на Русите. Во прашање се преку 100.000 војници.

Руските воени лица ги отфрлија сугестиите дека вежбата е покритие за нешто, а тврдењата на Западот дека 100.000 руски трупи ќе учествуваат во „Запад 2017“, ги нарече „неосновани“, инсистирајќи дека во еднонеделните вежби ќе бидат распоредени само 13.000 војници.

Руските државни медиуми, го тргаат вниманието на шведските воени вежби, коишто ќе се одржат во текот на следните три недели и во кои учествуваат земји-членки на НАТО. За нив тврдат дека се далеку поголеми и ќе бидат најголеми воени вежби за Шведска последниве 23 години.

Минатата недела, Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, ја обвини Русија за блокирање на Алијансата соодветно да ги врши мониторинг на планираните воени, велејќи дека понудата на Русија и Белорусија на обемната вежба да присуствуваат тројца западни набљудувачи, не ги задоволува меѓународните обврски на Кремљ.

Според правилата на ОБСЕ, коишто Русија ги има потпишано, државите кои изведуваат воени вежби со повеќе од 13.000 војници, мора однапред да ги известат другите земји и да прифатат доволен број набљудувачи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG