Од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) велат дека претседателските избори во Русија поминале мирно, но недостасувал вистински избор.
„По засилените напори за промоција на гласањето, граѓаните излегоа во значаен број да го дадат својот глас. Но ограничувањето на фундаменталните слободи, регистрацијата на кандидатите го ограничи просторот за политичко вклучување, резултираше со недостаток на конкуренција“, стои во соопштените на ОБСЕ.
Се очекува претседателот Владимир Путин да извојува голема победа пред останатите седум кандидати.
„Иако кандидатите генерално беа во можност да водат слободна кампања, медиумското покривање како вршител на должноста претседател резултирало да нема еднаков политички терен“ велат набљудувачите на ОБСЕ. „Изборот без вистинска конкуренција, како што беше случајот овде, не е вистински избор“.
Синоќа Путин им се обрати на насобраните на плоштадот Манежнаја во близина на Кремљ. Тој ги поздрави оние што гласале за него и ги нарече „голем национален тим“.
Запрашан дали повторно ќе ја побара довербата во 2030-та година, 65-годишниот руски лидер рече: „Тоа е смешно. Дали мислите дека ќе седам тука додека не наполнам 100 години“?
Најблискиот ривал на Путин, беше лидерот на опозицијата, Алексеј Навални кој беше дисквалификуван од изборите и осуден за проневера во декември минатата година. Со оглед на петгодишната условна казна, Навални рече дека пресудата е политички мотивирана, за да биде тргнат од претседателската трка.
Путин е на власт како претседател или премиер од 1999-тата година наваму. Тој направи ротација помеѓу двете позиции за да го заобиколи рускиот закон, кој забранува повеќе од два последователни претседателски мандатa.
Facebook Forum