Линкови за пристапност

Извештај до Сенатот: Русија ги искористила социјалните медиуми да влијае врз изборот на Трамп


Истражувањето го направиле Универзитетот Оксфорд и фирмата „Графика“, а го објави Вашингтон пост

Русија ги искористила сите големи социјални платформи да влијае врз гласачите во САД преку ширење неточни информации, а со цел Доналд Трамп да биде избран за претседател, се вели во извештај на Универзитетот Оксфорд и фирмата „Графика“ испратен до Сенатот, а кој го објави Вашингтон пост.

Во извештајот се вели дека Русите кои работеле за Агенцијата за истражување на интернет почнале да експериментираат со социјалните медиуми за да влијаат врз локални избори во 2009-та година, а потоа користејќи го Твитер ги продолжиле активностите во изборите во САД во 2013-та година.

Постепено во нивната кампања ги вклучиле и Јутјуб, Фејсбук и Инстаграм.

Извештајот нотира дека за претседателската кампања во 2016-та година Русите се обиделе да влијаат врз конзервативните гласачи да го поддржат Трамп, нагласувајќи ги прашањата како правата за користење оружје и имиграција.

Истовремено, се вели во извештајот, руските оперативци испратиле пораки до Афроамериканците со неточни информации како да гласаат.

И други групи, како либералните гласачи, жени, муслимани, Латиноамериканци и други биле таргет на слични пораки.

„Она што е јасно е дека Републиканската партија и Доналд Трамп требале да имаат корист од овие пораки“, се вели во извештајот, што го објави весникот.

САД веќе утврдија кривични обвиненија против руската Агенција за влијание врз претседателската кампања во 2016-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG