Линкови за пристапност

Русите не одат во Рио во 2016-та


S
S

Русија ја прифати одлуката на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации за суспензија заради допинг

Светското управно тело за атлетика вели дека Русија ja прифатила целосната суспензија на неопределено време од меѓународните натпревари по извештајот дека руски спортисти биле дел од државно спонзориран крвен допинг.

Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) ја потврди суспензијата по состанокот на Советот во Монако и соопшти дека од Руската атлетска федерација не побарале расправа.

Од ИААФ велат дека руската федерација ветила дека ќе соработува со инспекторите кои ќе ги надгледуваат промените во програмата за тестирање и дека тие имаат право да поднесат барање за враќање на поранешниот статус.

„Руската федерација потврди дека го прифатила ставот на Советот и дека ќе остане членка на ИААФ откако ќе добие препорака од инспекцискиот тим на ИААФ кој ќе одлучи дали се исполнети критериумите за верификација“, стои во соопштението на ИААФ, како и дека „Руската федерација потврдила дека ќе соработува целосно и активно со тимот.“

Претходно месецов со 21 глас против еден ИААФ за суспендирање на Русија од учествово во светските настани во лесна атлетика по наводите за крвен допинг.

Суспензијата вклучува забрана на рускиот атлетски тим да се натпреварува за време на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Претседателот на ИААФ, Себастијан Кое кажа дека ова се најтешките санкции кои може да се примени во моментов.

Рускиот министер за спорт Виталиј Мутко изјави дека руските претставници ќе сторат сé за да овозможат руските спортисти да се натпреваруваат на Летните олимписки игри во 2016 година.

Остар извештај

Гласањето на ИААФ дојде откако Светската антидопинг агенција (ВАДА) објави извештај во кој се вмешани руски спортисти, тренери, лекари и лабораторија за тестирање од Москва во шема на допинг со крв. Во извештајот исто така стои дека рускиот државен врв најверојатно знаел за допингувањето.

Светската антидопинг агенција ја суспендираше лабораторијата за тестирање за шест месеци и ја обвини за манипулирање со тестовите за дрога, за спортистите да изгледаат чисти.

Комисијата исто така препорачува елиминирање на неколку руски спортисти и тренери од меѓународните натпревари. Но, што е уште позначајно ја повикува Русија да биде исклучена од меѓународната атлетика вклучително и од Олимписките игри во Рио, додека земјата не докаже дека допингот повеќе не е проблем.

Русија првично изјави дека обвинувањата за допинг се „неосновани“ и инсистираше дека нејзините политики строго се придржуваат до оние на ВАДА и на Меѓународниот олимписки комитет.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна кажа дека е потребно земјата да спроведе своја истрага во врска со наводите дека нејзините спортисти користеле супстанци за да ги подобрат перформансите. Тој рече и дека некој мора да ја преземе одговорноста за проблемот.

XS
SM
MD
LG