Линкови за пристапност

Руски олимпиец користел допинг


Мелдониум е лек наменет за проблеми со срцето, а некои веруваат дека тоа може да им помогне на спортистите да ја зголемат издржливоста

Рускиот олимписки комитет потврди дека еден руски спортист на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг користел мелдониум, забранета супстанца.

По вториот тест, руската делегација изразила „искрено жалење поради инцидентот“. Оттаму, додаваат дека резултатите од тестовите укажувале на податокот дека Александар Крушелницки само еднаш консумирал мелдониум.

Би било „бескорисно“ ако намерата била да ги подобри перформансите, се вели во соопштението.

Крушелницки го освои бронзениот медал во Пјонгчанг, заедно со неговата сопруга, во конкуренција на мешани парови во карлинг.

Мелдониум е лек наменет за луѓе со проблеми со срцето, а некои веруваат дека тоа може да им помогне на спортистите да ја зголемат издржливоста. Во спортот е забранет уште од 2016-та година.

Руската тенисерка Марија Шарапова беше суспендирана 15 месеци по тестирањето кое се покажа позитивно на мелдониум на „Австралија Опен“ во 2016-та.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG