Линкови за пристапност

Путин го отвори за сообраќај железничкиот мост меѓу Русија и Крим


Киев, САД и Европската унија ја осудија изградбата на мостот на Русија, оценувајќи ја како нарушување на суверенитетот на Украина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска учествуваше на церемонијата за официјално отворање на контроверзниот железнички мост од Русија до Крим.

Киев, САД и Европската унија ја осудија изградбата на мостот на Русија, нарекувајќи ја нарушување на суверенитетот на Украина, при што западните сили воведуваат санкции за фирми поврзани со изградба на мостот долг 19 километри.

Путин им се заблагодари на работниците за напорите да го изградат „овој огромен проект“, на церемонијата што се емитуваше во живо на државната руска телевизија.

Во ноември, приватната железничка компанија Гранд Сервис Експрес објави дека првиот воз ќе замине од Санкт Петербург за Севастопол на 23 декември и ќе помине 2.741 километар за 43,5 часа.

За изградбата на мостот се потрошени 3,7 милијарди американски долари. Тој е најдолг мост во Европа, надминувајќи го мостот Васко де Гама во Португалија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG